Фулам со нова понуда до Јунајтед за шкотскиот фудбалер

388

Манчестер јунајтед доби втора понуда од Фулам за играчот од средниот ред Скот Мектоминеј. Според тамошните медиуми истата изнесува 20 милиони фунти.

Јасно е дека Ерик тен Хаг е задоволен од играта на овој фудбалер, но и натаму останува отворено прашањето дали Јунајтед ќе го пушти шкотскиот репрезентативец да направи трансфер за оваа сума.

Нешто што би биле задоволни во клубот е пакетот кој е вреден 30 милиони евра.

Јунајтед пред стартот на новата сезона се соочи со бројни повреди, на оваа листа е новото засилување Лени Јоро (ќе паузира три месеци) и напаѓачот Расмус Хојлунд, кој ќе биде надвор од терените три недели.

Под знак прашалник за пријателската со Ливерпул е Рашфорд, кој исто така заработил повреда, но засега не е позната нејзината природа.

ПретходноТен Хаг отворено за Санчо и Рашфорд
СледноЕкс-репрезентативец на Холандија го победи ракот и се враќа на фудбалот