Француската ракометна репрезентација конечно дојде до првата победа на ЛОИ кои се одржуваат во Париз. „Триколорите“ одиграа реми со Египет, а беа поразени од Данска и Норвешка.
Денеска се најде противник по мерка, ја совладаа Аргентина со убедливи 21-28.
Овој дуел од групата Б, беше решен после едно полувреме, кое домаќинот на ЛОИ го доби со 8-18. Вторите 30 минути беа чиста рутина иако Аргентина заигра многу подобро, но недоволно за пресврт.
Франција ја предводеше Деска кој постигна осум погодоци, Пранди беше стрелец на пет гола. Во редовите на поразениот тим, Паркер имаше седум гола.
Од оваа група Б, Данска и Норвешка имаат обезбедено место во плеј-офот, додека пак останатите две позиции ќе бидат потполнето во последното коло.