Репрезентација на Шпанија во целост ја оправда улогата на голем фаворит во четвртфиналниот меч со Јапонија и успеа да слави убедливо со 3:0, со тоа оствари пласман во полуфиналето.
Во текот на целиот меч „Армадата“ беше подобар противник, знаеше што сака и како да дојде до целта.
Лопез во 11.минута погоди за 1:0, потоа истиот играч во 72.минута го удвои водството и тука беше крај за сите надежи на Јапонците дека можат да сторат нешто повеќе. Конечните 3:0 беа дело на Руиз во 86.минута.
Шпанија со ова си закажа полуфинале со изворедната селекција на Мароко која во четвртфиналето беше подобра од САД со 4:0.