Алкараз е првиот финалист на тенискиот олимписки турнир!

447

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласира во финалето на тенискиот турнир на Олимписките игри во Париз. Тој во полуфиналето го елиминира Ожие-Алиасиме од Канада со 2-0 во сетови 6-1 и 6-1.
Убедлив беше настапот на младиот шпански тенисер кој во борбата за златото ќе го чека подобриот од мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Мусети.
Ожие-Алиасаме ќе го чека поразениот од споменатиот меч во трка по бронзениот медал.
Алкараз е четвртиот шпански тенисер кој стигнал до борба за златото на ОИ по Жорди Аресе (1992), Сержи Бругуера (1996) и Рафаел Надал (2008).

ПретходноКарапалевски и официјално промовиран во Ваљадолид
СледноФранција во четвртиот обид стигна до првата победа