Ване Јованов (25) е нов член на НК Вараждин, екипа која се натпреварува во елитната лига во Хрватска. Попладнево клубот од Вараждин на своите социјални мрежи се пофали дека ангажирал квалитетно засилување од Македонија.
Дефанзивецот веќе одигра неколку пријателски средби за овој тим, ама денеска беше промовиран.
Тој направи трансфер од Брегалница, а претходно играше за екипите на Победа, Саса, Вардар, Брера Струмица.