Екс-репрезентативец на Холандија го победи ракот и се враќа на фудбалот

290

Поранешниот холандски фудбалски репрезентативец, Жан Пол Боетиус отсуствуваше од терените повеќе од една година поради тешка болест, а сега соопшти дека се е во ред со него и дека наскоро се враќа.

Боетиус објави дека го победил ракот и дека сака да се врати на фудбалот.
„Конечно можам да кажам дека сум добар. Пред 15 дена добив добри вести од болницата“, рече Боетиус.
За репрезентацијата на Холандија впиша еден настап, последниот ангажман го имаше во Херта која ја напушти летото 2023 година поради болеста. Претходно играше за Мајнц, Феенорд, Базел и Генк.

ПретходноФулам со нова понуда до Јунајтед за шкотскиот фудбалер
СледноСосиедад се засили со хрватски репрезентативец