Шпанскиот прволигаш Ваљадолид го официјализираше трансферот на Македонецот Мартин Карапалевски. Со тоа екс-ракометарот на Вардар ќе ја зголеми колонијата наши ракометари во АСОБАЛ лигата.
Тој потпиша договор на две години со опција за продолжување, а ќе му биде соиграч на Димитар Димитриоски кој од 2022 година го носи дресот на овој клуб во кој тренер е Давид Писонеро, некогашниот стратег на Вардар.
Токму по негова препорака Карапелвски му се приклучи на Ваљадолид.
„Го сакаш шпанскиот систем на игра. Работев со Давид (Писонеро), Раул, Давид Дејвис кои беа во Вардар. Го одбрав Ваљадолид за да растам како играч. Писонеро ми рече да дојдам затоа што тоа е добар чекор за мене во понатамошниот тек на кариерата“, изјави Карапалевски.
View this post on Instagram