„Каубоите“ убедливо поразени од Шведска и сега треперат за четвртфиналето

190
FOTO: IHF

Хрватската ракометна репрезентација по одличното издание против Германија, денес доживеаја дебакл во дуелот со Шведска од која загубија со 27-37 (15-18) во рамките на четвртото коло од групната фаза и со тоа ја пропуштија првата шанса за место во четвртфиналето. Хрватите одиграа лош меч, слаби беа во одбраната, а нападот немаше сила да го следи темпото на Швеѓаните.
Мартиновиќ кај Хрватска постигна осум гола, додека кај Шведска Пелас беше најефикасен со девет. Хрватска си го закопликува пласманот во четвртфиналето. Сега ќе им треба победа против Шпанија.

ПретходноГрција ја совлада Австралија и сега чека разврска на другите мечеви
СледноСрпски тренер е нов селектор на Грција