Новак веќе донел одлука: Чека преглед, но нема да го слуша докторот!

2264
Фото: Ролан Гарос/Твитер

Новак Ѓоковиќ ги загрижи навивачите кога се пожали на болки во коленото на четвртфиналниот натпревар на Олимписките игри во Париз. Сите веднаш помислија на Ролан Гарос и повлекување од турнирот по повредата на менискусот, но сега се чини дека нема да биде така. Иако се уште нема официјална потврда – Новак Ѓоковиќ ќе игра полуфинале на Олимписките игри.

Во една од првите изјави по мечот во кој го совлада Стефанос Циципас и со тоа си обезбеди две шанси за медал во Париз, Новак истакна дека нема дилема. Тогаш не ја знаеше тежината на повредата, но беше свесен дека тоа е една од ретките можности да и донесе медал на Србија, а веројатно и последен обид да се закити со злато од Олимписките игри.

„Дури и ако докторот рече дека не е во ред, веројатно ќе излезам таму и ќе се обидам. Ова е многу ретка шанса да се борам за медал за мојата земја, па ќе направам се што е можно во следните 24 часа да се ставам себеси во позиција да се бориме за медал за Србија“, изјави Новак Ѓоковиќ во четвртокот доцна навечер во Париз.

Потсетуваме, Новак Ѓоковиќ на теренот истакна дека болката го потсетила на претходниот турнир одигран на истото место, кога поради повреда на менискусот мораше да се повлече од Ролан Гарос. Магнетната резонанца покажа дека му е потребна операција за да биде подготвен за Олимпијадата, но сега тој рече дека се надева дека ова не е повторување на истата повреда.

За противник во полуфиналето ќе го има Италијанецот Лоренцо Мусети, додека пак Алкараз ќе игра против Канаѓанецот Феликс Ожие-Алиасим.

ПретходноФантастичната Векиќ осигура нов медал на Хрватска
СледноАнчелоти детектираше подобар играч од Ѓулер и Ендрик