Новак е чудо: Најдобриот во историјата го “среди“ Мусети и си закажа мега – финале со Алкараз!

2584

Очекувано, посакувано и мега – финале, епско финале на ЛОИ во Париз меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.

Вечерва во полуфиналето надобриот во историјата со 2:0 во сетови (6:4 и 6:2) го “среди“ Италијанецот Лоренцо Мусети и си закажа финале со Карлитос. Ова значи дека Новак на Србија и донесе најмалку сребрен медал, но јасно е дека се оди по златото, она што му недостига на Ноле во неговата блескава кариера.

Мусети во полуфиналето против Новак немаше никакви шанси, ако може така да се каже. Не дека Србинот одигра којзнае како спектакуларно, сепак и тоа беше доволно да победи и да дојде до чекор до целта.

А таму ќе го чека Карлитос, уште сега се радуваме на ова мега – финале.

ПретходноСловенците се изнамачија со Јапонија, сепак победија за пласман во четвртфиналето!
СледноБугарите “плачат“: Црногорците на фановите на ЦСКА 1948 не им дозволувале да одат во тоалет!