Платата која Де Хеа ја бара, во овој момент може да ја добие само од еден клуб!

303

Давид де Хеа во овој преоден рок би требало да му се врати на фудбалот по едногодишната пауза што ја направи минатата година откако Манчестер Јунајтед не му го продолжи договорот. Засега е под знак прашалник дали ќе го направи тоа, бидејќи постави високи барања до заинтересираните клубови, поради што некои се откажаа од неговиот ангажман.

Де Хеа помина 12 години во Манчестер Јунајтед, каде пристигна како 21-годишен од Атлетико Мадрид. Ја освои Премиер лигата (2012/13), ФА Купот (2015/16) и Лига Европа (2016/17) и освои вкупно осум трофеи со гигантот од Олд Трафорд. Два пати беше прогласуван за најдобар голман во Премиер лигата (2018 и 2023 година).

Според Transfermarkt, пазарната вредност на Де Геа денес е 5 милиони евра. Еден од најдобрите голмани на генерацијата и еден од најдобрите во историјата на Премиер лигата на врвот на кариерата вредеше 70 милиони евра. За Јунајтед одигра 545 натпревари. Прими 590 гола, а 190 пати ја сочуваше мрежата.

Преку медиумите се пренесува дека Де Геа има неколку понуди и дека по него трагаат клубови од Англија, преку Турција, па се до Саудиска Арабија. Се пишуваше и дека преговарал со некои шпански и италијански клубови, но и дека Џенова и Фиорентина заклучиле дека тој е прескап за нив.

По една година пауза, Де Хеа бара пет милиони евра по сезона. Ова е сумата што би можел да ја добие во Саудиска Арабија, поконкретно во Ал Наср, што покажува интерес.

ПретходноНема подобро: На Илинден нашите кошаркари ги чека најважната битка!
СледноАндреевски: Не размислуваме за ништо друго – освен победа!