Македонските фудбалери, Кристијан Трапановски и Давид Бабунски покажаа дека ќе бидат големи засилувања во дресот на Данди Јунајтед, и двајцата веќе постигнаа неколку голови.
Трапановски кој во Шкотска дојде од Шкупи е среќен што заедно со Бабунски ќе соработуваат во овој тим, но и се надева дека заедно ќе заиграат во дресот на Македонија.
„Бабунски е одличен играч, беше во Барселона 10 години. Првпат играме заедно во еден клуб, се надевам дека ќе играме заедно и во репрезентација. Искрено се надевам дека нашите настапи ги прати и селекторот“, изјави за тамошните медиуми македонскиот фудбалер, кој не го криеше своето задоволство за први три постигнати голови во дресот на Данди Јунајтед.