Швјонтек се утеши со бронзениот медал на ОИ

90

Полската тенисерка Ига Швјонтек се закити со олимписки медал. Таа во малото финале на тенискиот турнир ја совлада Ана Каролина Шмиедлова од Словачка со 2-0 во сетови 6-2 и 6-1 и со тоа го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Париз.
Швјонтек, прва на ВТА листата влезе како фаворит за златото но беше запрена во полуфиналето од Кинеската Женг.
Ова е нејзин прв олимписки медал во кариерата но и прва тенисер(ка) со медал за Полска на ОИ.
Инаку финалето во женска конкуренција ќе се одигра во сабота (почеток 12:00 часот) помеѓу Женг и Дона Векиќ од Хрватска.

ПретходноИ тоа дочекавме, Ирска да ни држи часови по кошарка
СледноИ следната сезона Македонија без сигурно место во ЛШ