Никола Карабатиќ и се е кажано. Французинот со балкански корени е еден од најдобрите ракометари во историјата, ако не и најдобар. Освои се што можеше да се освои во кариерата која трае веќе две децении и завршува ова лето на ЛОИ во Париз, во неговата Франција.
Во изјава за српски „Моцартспорт“ тој признава дека неговата селекција не игра најдобро на оваа Олмпијада, но порача дека утре ќе навива за Новак Ѓоковиќ во финалето против Карлос Алкараз. Дека не може да дојде на “Филип Шатрие“ во живо да го бодри Новак со оглед на тоа дека Франција утре игра решавачки меч на ракометниот турнир за минување во 1/4 финалето, но дека му посакува на Новак освојување на златниот медал:
„Се надевам дека Новак ќе го освои златото, тоа и го заслужи. Да знаете дека сите ние од семејството Карабатиќ сме негови најголеми фанови. Тој е голем спортист, секогаш се обидува да го даде најдоброто од себе. Импресионира со тоа што прави и како тренира за да биде најдобар во светот“ истакна покрај другото Никола Карабатиќ.