Андреевски пред полуфиналето со Бугарија: Полна сала и поддршка за уште една победа

455

Македонија „маршира“ кон „А“ дивизијата. На нашите јуниори им е потребна само уште една победаа за да стигнат до една таква цел, македонската кошарка одново да биде застапена на она највисоко, елитно репрезентативно ниво.

За почеток, пред вечерашниот полуфинален дуел со Бугарија, селекторот Горан Андреевски дава краток осврт за она што беше во петокот навечер, дуелот со репрезентцијата на Португалија.

Португалија ни беше најтежок противник досега. Не смее да нė залаже високата разлика со која победивме на крајот. Морам да кажам дека потрошивме премногу енергија, особено во одбраната.

Како што кажав и пред натпреварот, клучот за победа е одбраната над нивните брзи бекови, а нашите играчи одиграа маестрална одбрана“- вели селекторот по триумфот кој не донесе на чекор до пласна во „А“ Дивизијата“.

Селекцијата на Бугарија е нашиот противник во полуфиналето, кое е закажано за 18.30 часот, за разлика од претходните натпревари, ќе играме во салата на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Во полуфинале нė чека репрезентацијата на Бугарија, екипа со одлични поединци. Ќе одлучуваат нијанси. Ќе влеземе многу посветено во натпреварот, очекувам максимално залагање во одбраната, посебно врз нивниот најдобар поединец Гаваљугов.

Веројатно, кога се игра еден ваков натпревар, пред домашна публика, и амбиент, кој се очекува да биде во салата на СЦ „Борис Трајковски“, дополнителна мотивација и не е потребна, таа се подразбира“, како што потенцира Андреевски.

Играчите се подготовени и мотивирани. Се надевам дека ќе ја израдуваме публиката со уште една победа. Очекуваме полна сала во борба за големото финале“.

ПретходноПочина поранешен кошаркар на МЗТ Скопје
СледноАл Итихад се откажа од Едерсон, се договорил со Рајковиќ