Јувентус прави напори да го ангажира холандскиот интернационалец од Аталанта Теун Копмајнерс. Во изминатите денови „Старата дама“ понудила 45 милиони евра за 26-годишниот играч, но Аталанта ги одбила бидејќи сумата е далеку од 60-те милиони што ги бараат тие.
Инаку играчот претходно се согласил околу личните услови, петгодишен договор со Јувентус вреден 4,5 милиони евра по сезона.
Но Аталанта не попушта. Јувентус ја крена понудата на 48-50 милиони евра плус уште 5-7 милиони во форма на бонуси, пренесува Кориере дело Спорт.
Некои извори тврдат дека Аталанта нема да го пушти својот фудбалер пред Суперкуп дуелот со Реал Мадрид на 14 август.
Дома Меѓународен фудбал Италија Аталанта одби 45 милиони за Копмејнерс, Јувентус ја зголеми понудата