Атлетико го објави трансферот на шпански репрезентативец

225

Од Сосиедад во Атлетико Мадрид. Трансферот на шпанскиот репрезентативен дефанзивец Робин Ле Норманд е завршен. Атлетико доби одлично засилување во одбраната и за тоа плати 34,5 милиони евра плус 5 милиони ќе доплати во форма на бонуси.
Европскиот шампион со Шпанија потпиша договор до 2029 година.
Инаку Ле Норманд е роден во Франција, кариерата ја почнал во Брест, но набргу се сели во Шпанија и почнува во вториот тим на Реал Сосиедад. Првотимец станува во 2018 година, а до сега за тимот од Баскија одигра 221 натпревар.
За Шпанија има 17 настапи и еден гол.

Според шпанските медиуми, Атлетико е блиску до уште еден фудбалер – норвешкиот напаѓач Александар Сорлот кој ќе дојде од Виљареал.

ПретходноКлубовите се откажуваат кога ќе слушнат колкава плата бара Де Геа
СледноВоска се засили со репрезентативец на Авганистан!