Борусија прифатила – Филкруг се сели во Премиер лигата за 30 милиони евра!

1967

Вест Хем скапо ги плаќаше голгетерите во изминатите сезони, но не успеа да го пронајде вистинскиот. По Себастијан Але и Џанлука Скамака кои не се прославија, „чеканите“ сега повторно ќе пробаат и тоа со германски напаѓач – Никлас Филкруг од Борусија Дортмунд.

Борусија прифатила 26 милиони евра фиксно плус 4 милиони во форма на бонуси.
За фудбалерот е спремен тригодишен договор со опција за продолжување на уште една и нето плата од три милиони евра по сезона.

Тренерот Лопетеги очекува со Филкруг да биде решено прашањето за гол-играч затоа што минатата сезона таа улога ја извршуваше Џерод Боувен, а претходно и Мајкл Антонио кои не се класични напаѓачи.
Инаку 31-годишниот Филкруг играше на ЕП 2024, а претходно играше за Вердер, Хановер и Нирнберг.

Koга сме кај Вест Хем, стигнуваат информации дека лондонскиот клуб го договорил и аргентинскиот играч за врска Гуидо Родригез. Тој ќе дојде во редовите од Бетис.

 

ПретходноЈа раскинаа љубовната врска пред ОИ, но заиграа како тениски пар и освоија злато
СледноПрвиот украински фудбалер во Рома