Кинвен Женг не дозволи сензација, во финалето ја совлада најголемото изненадување на тенискиот турнир на ЛОИ во Париз, Дона Векиќ со 2-0.
Кинеската тенисерка беше свесна дека во ниту еден момент не смее да се опушти, првиот сет го доби со 6-2, додека пак вториот со 6-3, ова беше дуел кој траше еден час и 46 минути,
За Векиќ самиот пласман во битката за златен медал е голем успех, бидејќи пред себе урна многу подобро рангирани противнички.