Хабибула Аскар (28) е најновото засилување во таборот на Воска. Станува збор за Авганистанец кој има и шведски пасош, игра во дефанзивниот ред а досега во својата кариера има настапувано за клубови од Шведска кои се непознати за нашата поширока јавност.
Според “Трансфермаркт“ тој веќе е член на прволигашот од Охрид па се очекува и негова промоција во секој момент.
Аскари за својата репрезентација има одиграно четири натпревари.
Ново име во Воска набргу ќе биде и интернационалецот од Камерун, Габриел Јапи Тенлеп (21), игра во средниот ред. Последен клуб му бил Бекем Јунајтед од Гана.