Јуниорите со поддршка од трибините: Мицкоски во друштво на Ристовски, Војдан со новите соиграчи!

3768

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години одигра уште еден одличен меч на ЕП „Б“ Дивизија кое се одржува во Скопје. Нашите кошаркари славеа против Бугарија и се пласираа во финалето, а истовремено заверија пласман во А Дивизија следната година.

Покрај поддршката од своите најблиски, во СЦ „Борис Трајковски“ беше Премиерот, Христијан Мицкоски, кој беше во друштво на Борко Ристовски, министерот за спорт и Владимир Нелоски.

А доле покрај теренот беа дел од кошаркарите од сениорската репрезентација. Двете нови засилувања на МЗТ Скопје, Маслинко и Магдевски, беа во друштви со Војдан Стојановски, а друштво им правеше и селекторот, Александар Јончевски.

ПретходноОдбојкарите убедливи на контролата со Швајцарија
СледноДржавата која има само 160.000 жители го освои првиот златен медал во било кој спорт!