Ништо ново на кошаркарскиот турнир на Летните Олимписки Игри во Париз кога станува збор за репрезентацијата на САД. „Дрим тимот“ со убедлива победа ја заврши групната фаза, убедливо ја совлада селекцијата на Порторико и како првопласирана оди во четвртфиналето.
Од групата Ц, покрај Америка своја шанса ќе бараат Србија и Судан, победникот од вечерашниот дуел ќе патува во следната рунда.
Едвардс постигна 26 поени, зад него беше Ембид со 15 поени, додека Дурент беше стрелец на 11 поени, Леброн имаше 10. На другата страна Алварадо постигна 18 поени.
Порторико одигра добро само во првата четвртина која ја доби со 29-25, по што следеше фуриозна игра на САД од 16-39 за водство од 45-64 на одморот. До крајот на мечот избраниците на Стив Кер ја имаа рутинската задача.