Алеш Еспаргаро од тимот на Априља успеа да дојде до пол-позицијата на култната патека во Силверстон за ГН на В. Британија во Мото ГП. Тој успеа патеката да има најбрз круг со време 1:57, 309 минути, што е рекорд на оваа патека.
Од второто место утре на трката ќе тргне Пеко Бањаја, кој пак имаше време од 1:57,517, додека трет во денешните квалификации беше Енеа Бастианини, исто од Дукати кој пак имаше време од 1:57, 693.
Како што рековме утре се вози трката, а попладне од 16 часот ќе се вози спринтот.