Италијанската боксерка Анџела Карини која го предаде мечот со Алжирката Иман Kелиф по 46 секунди борба, сега изјави дека сака да и се извини на противничката. Причината за ова е начинот на кој реагираше по дуелот.
Фактот што Светската боксерска федерација претходно ја имаше суспендирано Келиф, а Интернационалниот олимписки комитет и дозволи да се натпреварува на ОИ во Париз предизвика многу шпекулации и дистрибуција на непроверени информации, при што дел од фановите сметаат дека Алжирката е маж, иако таа имала само поголемо ниво на тестостерон на одредени испитувања.
„Целата оваа ситуација ме прави тажна. Жал ми е и за мојата противничка. Штом МОК вели дека таа може да се бори, јас ја почитувам нивната одлука“, изјави Карини за „Газета дело Спорт“.
Жали што не се ракувала со Kелиф.
„Тоа ќе го направам штом ќе ја видам следниот пат. И ќе и се извинам, и на неа и на сите други. Бев бесна бидејќи сите шанси на Игрите ми испарија пред очи“, додаде Италијанката.