Клубовите се откажуваат кога ќе слушнат колкава плата бара Де Геа

523

Шпанскиот голман Давид Де Геа долго време е без клуб, а и никој не сака да го ангажира со оглед на тоа колкава плата бара од нив. Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед и еден од најдобрите во Премиер лигата на врвот на кариерата вредеше 70 милиони евра, а сега едвај пет милиони евра.
Сега како слободен играч си бара нов клуб. Де Геа имал понуди од клубови од Англија, Турција, Шпанија, Италија и Саудиска Арабија. Но сите се откажале затоа што не можеле да ги исполнат финансиските барања на голманот – пет милиони евра по сезона.
Толкава плата може да му понуди само Ал Наср од Саудиска Арабија. Другите не. Ако одлучи да остане во Европа ќе мора да биде поскромeни во финансиски барања.

ПретходноКарини по мечот со Kелиф: Жал ми е за тоа што го направив, сакам да и се извинам
СледноАтлетико го објави трансферот на шпански репрезентативец