Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека Франција го покажа своето вистинско лице на отворањето на Олимпијадата. Свеченото отворање на Игрите во Париз се одржа на 26 јули и за многумина беше контроверзно.
„Французите се горди на церемонијата на отворање на Олимписките игри, ние сме многу горди на тоа. Мислам дека Франција го покажа своето вистинско лице. Ја покажа својата храброст и го направи тоа со својата вродена уметничка слобода“, рече Макрон.
Шефот на државата додаде дека е „огорчен и тажен“ од извештаите за закани кон уметничкиот директор на церемонијата, Том Жоли, како и кон уметниците на шоуто што тој го приреди.
„Им изразувам поддршка на сите нив. Ништо не ги оправдува заканите против уметниците. Неговата храброст (на Жоли) им донесе корист на многу луѓе“, истакна Макрон.