Нов убедлив пораз за нашите кошаркарки до 18 години, овој пат против Грција која славеше со 88-46 Избраничките на селекторот Горан Крстевски ќе бараат шанса за подобар резултат на наредните натпревари, против селекциите на Бугарија и на Норвешка
Во овој момент репрезентацијата на Грција е превиспка прешка за напиот женски јуниорски тим, дополнително „подмладен“ на ЕП од Дивизијата „б“ во Плоешти.
Го потврдија тоа јуниорките на Грција во текот на сите 40.минути, беа доста подобар ривал, за на крајот да стигнат до планираните бодови.
Како пресликани беа сите четири четвртини од овој натпревар во кои фаворитот постепено ја „подигнуваше“ позитивата.
Нашите јуниорки беа најблиску до егал резултат во вториот период во кој загубија со (15:20), за на полувремето Грција да има високи (43:25).
Ива Колева со 11.реализирани поени (имаше и четири скока), беше најефикасната наша кошаркарка. Пислевска реализираше осум, Ангеловска шест…
Следуваат два дена пауза за нашите кошаркарки „под 18“ години. Наредниот натпревар го играат на 6.август (вторник), од 15.часот, против репрезентацијата на Бугарија.