Македонија ја совлада Швајцарија со 3:0 (26:24, 25:21, 25:20) во вториот пријателски натпревар одигран на гостински терен како дел од подготовките за квалификациите за ЕП 2026.
За разлика од вчера кога противникот ги добиваше сетовите на разлика, нашите одбојкари одиграа поквалитетно и имаа контрола на резултатот.
Никола Ѓорѓиев беше најефикасен кај нас со 20 поени, Филип Савовски освои 11, Александар Љафтов 9, Владо Милев 3, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Ефтим Ричлиев и Стојан Илиев по 2, а Тоше Ефремов, Стојче Арсов и Филип Лепидовски по 1.
Со оглед на карактерот на мечот, имаше и уште еден неофицијален, четврти сет, а во него Швајцарците беа подобри со 19:17.
Македонската репрезентација утре ќе се врати во Струмица по што ќе игра на турнирот „Чајка“ со Израел и со Косово. Квалификациите се на 17-ти со Грузија на гости и со Грција дома на 25-ти овој месец.