Рома го објави трансферот на украинскиот напаѓач Артем Довбик кој дојде од редовите на шпанска Џирона. Трансферот изнесува 30,5 милиони евра, а со бонуси сумата може да порасне.
Тој е петтото најскапо засилување на Рома, а воедно и првиот Украинец кој ќе го носи дресот на „волчицата“.
„Ја одбрав Рома бидејќи е еден од најдобрите италијански клубови, со важен проект во кој искрено вредувам. Можеме да направиме нешто интересно оваа сезона. Рома е поголем и поважен клуб во споредба со Џирона. Знам дека ќе имам голем притисок, но фудбалот без притисок не е фудбал“, изјави Довбик.
Украинскиот репрезентативец претходно играше за Дњипро и дански Митјиланд.