Нема дилеми дека во овој летен преоден рок раководството на Манчестер Јунајтед посакува да доведе повеќе квалитетни засилувања, со цел менаџерот Ерик тен Хаг да има што подобар тим.
Па така по Лени Јоро, кој патем се повреди, и Џошуа Зиркзе, Тен Хаг ќе добие Нусаир Мазрауи од Баерн Минхен.
“Баварците“ веќе го одобриле овој трансфер, а во вторник закажани се и лекарските прегледи.
Мароканецот би можел да дебитира за Јунајтед уште на 10 август кога се игра Комјунити Шилдс и тоа против Манчестер Сити.