Финале и пласман во А дивизија: Македонските јуниори и држеа час по кошарка на Бугарија

1004

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години славеше против Бугарија со 68-92 и го завери своето место во елитната А дивизија. Нашите момци ќе играат финале, а таму за противник ќе го имаат подобриот од дуелот меѓу Полска и Австрија.

„Црвено-жолтите“ доминираа во текот на целиот меч, а за паметење е последната четвртина во која одиграа неверојатно перфектно.

Луканоски со 20 поени и 16 скока беше прв стрелец, зад него беше Трајанов, кој исто имаше дабл-дабл, но од 17 поени и 11 скока. Јаничиќ беше стрелец на 17 поени.

По изедначената игра на стартот на првата четвртина, нашите кошаркари некаде пред самиот крај на овој период успеаја на двапати да поведат со плус (15-24 и 17-26). Веќе на стартот на втората четвртина Македонија дојде на плус 13 (20-33), додека на одморот позитивата изнесуваше цели 15 поени (38-53).

Бугарија успеа да го подигне нивото на играта во третиот период и да намали на 62-69. Македонија на крилата на Трајанов, Марјановиќ, Луканоскии Младеновски не само што брзо ја врати двоцифрената позитива, со серија од 20-0 поведе со највисоки 62-89  во 37 минута. Тука беше јасно дека овој меч ќе оди само во една насока. Бугарија беше во длабока криза која нашиот тим знаеше добро да го искористи, првите поени во овој период противникот ги постигна во 38. минута.

ПретходноЕве како хрватскиот селектор урлаше по српскиот судија! (ВИДЕО)
СледноОдбојкарите убедливи на контролата со Швајцарија