Ја раскинаа љубовната врска пред ОИ, но заиграа како тениски пар и освоија злато

5455

Чешкото дуо Томаш Махач и Катерина Синиакова, неколку недели откако ја раскинаа љубовната врска, освоија злато на Чешка во мешани двојки. Во 2021 година станаа дечко и девојка, а Синиакова пред почетокот на ОИ откри дека таа и Махач раскинале. По три години врската им се гаси, но на Олимписките игри во Париз се појавија како пар, но не љубовен, туку тениски и во конкуренција од 16 парови освоија златни медали.

Во финалето славеа против кинескиот пар Ксин Ванг и Жижен Жанг со 2-1.
По мечот на прашањето дали уште се во врска?
Не морате тоа да го знаете, тоа е лична работа“, изјави Махач на што Синиакова додаде: „Сакаме кога сте збунети…“.
Такви сме ние професионалците, раскинавме само за да бидеме максимално концентрирани на тенис и медалите. Затоа и успеавме“, изјави Махач со насмевка.

Убаво кажано“, додаде Синиакова.

 

ПретходноЃоковиќ прв пат во финале на ОИ: Долго сонував како играм за злато
СледноБорусија прифатила – Филкруг се сели во Премиер лигата за 30 милиони евра!