Јуниорите го добија противникот во финале на шампионатот во Скопје

833

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години го доби името на противникот во финалето на Европското првенство Б Дивизија кое се одржува во Скопје. Нашите момци кои веќе обезбедија пласман во А Дивизија ќе играат против Австрија за пехарот.

Во второто полуфинале оваа репрезентација ја совлада Полска со 88-75.

Финалето се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 21:30 часот.

Претходно„Рафална“ вечер на Богдановиќ – Србија во четвртфинале на ЛОИ
СледноПознати се 1/4 финалните двојки на ЛОИ во кошарка