Ал Итихад се откажа од Едерсон, се договорил со Рајковиќ

250

Деветкратниот шампион на Саудиска Арабија, Ал Итихад ќе се засили со нов голман, но тоа нема да биде Едерсон од Манчестер Сити. Преговорите меѓу „жолто-црните“ и Сити се откажани, „граѓаните“ ги одбиле неколкуте понуди од Арапите и бразилскиот голман ќе остане во Манчестер.

Во меѓувреме Ал Итихад се договорил со Мајорка за трансфер на Предраг Рајковиќ за 11 милиони евра. Репрезентативецот на Србија претходно играше за Ремс, Макаби Тел Авив и Црвена Звезда сега се сели на Блискиот Исток во клубот на Канте, Фабињо, Жота и Карим Бензема.
Српските медиуми откриваат дека Рајковиќ ќе потпише договор на четири години и може да заработи и до 15 милиони евра по сезона.

ПретходноАндреевски пред полуфиналето со Бугарија: Полна сала и поддршка за уште една победа
СледноКарини по мечот со Kелиф: Жал ми е за тоа што го направив, сакам да и се извинам