Атлетико Мадрид го договорил вториот најдобар стрелец во Ла Лига!

249

Откако не успеа да го доведе Артем Довбик, кој замина во Рома, и тоа како замена за Алваро Мората, Атлетико Мадрид тргна кон вториот стрелец во Ла Лига за минатата сезона. Тоа е Александре Серлот. Значи “јорганџиите“ не можеа најдобриот стрелец да го доведат, но затоа веројатно ќе успеат вториот најдобар голгетер.

Медиумите во Шпанија пренесуваат дека клубот од Мадрид на Виљареал ќе му плати 32 милиони евра и плус бонуси.

Наголемо се говори дека Атлетико во нападот го посакува и Хулиан Алварез од Манчестер Сити, но за него “граѓаните“ бараат 90 милиони евра што секако дека е премогу за “јорганџиите“.

Претходно„Дрим тимот“ со убедлива партија стави печат на првото место
СледноЕве како хрватскиот селектор урлаше по српскиот судија! (ВИДЕО)