„Милионерите“ го претставија бразилското засилување од Манчестер Сити

192

Сега и официјално. Манчестер Сити го продаде бразилскиот десен офанзивен бек Јан Коуто на Борусија Дортмунд. Германскиот клуб ја објави зделката на својата официјална интернет страница.
Се работи за позајмица до јуни 2025 година со опција за постојан трансфер.
Коуто ја почна кариерата во Коритиба, а во 2020 година премина во Манчестер Сити. Не одигра ниту еден меч за „граѓаните“ и беше позајмуван два пати во Џирона и еднаш во Брага.
Минатата сезона беше еден од најзаслужните за подемот на Џирона и пласманот во ЛШ во новата сезона.

ПретходноВоска се засили со репрезентативец на Авганистан!
СледноЛејкерси уште еднаш покажаа колку им значи Коби Брајант! (ФОТО)