„Рафална“ вечер на Богдановиќ – Србија во четвртфинале на ЛОИ

950

Србија го завери местото во четвртфиналето на Олимписките Игри во Париз, откако го совлада Јужен Судан со 96-85. Главните виновници за победата на нашиот северен сосед е тандемот Богдановиќ – Јокиќ. Двајцата беа лидери на овој натпревар. Богдановиќ имаше 30 поени од кои шест тројки, а додаде осум асистенции, додека Никола Јокиќ беше стрелец на 22 поени и 11 скока.

Во четвртфиналето Србија ќе игра против Австралија.

Дуелот очекувано беше неизвесен, во првата четвртина водството се менуваше со тоа што Србија имаше минимални 23-22. Во вториот период избраниците на Светислав Пешиќ поведоа со 34-25, но противникот успеа да изедначи, но не и да поведе. Србија на одморот имаше минимална позитива од 47-44.

Веќе во следните два периоди, Србија успеа да ги наметне своето темпо и да се одбрани од сите напади на Јужен Судан, со серија од 9-0 дојде на двоцифрени 87-74 во 34-та минута и ја најави големата победа. Пред самиот крај Србите се опуштија, направија грешки, но тоа не беше доволно за пресврт или слично, бидејќи „орлите“ не дозволија.

ПретходноЧудесниот Рајан Крузер до трето олимписко злато во низа!
СледноЈуниорите го добија противникот во финале на шампионатот во Скопје