Хрватката која сакаше да се откаже од тенисот денеска игра за злато на ОИ

963

Хрватска ќе има медал во тенис на Олимписките игри во Париз. Дона Векиќ се пласира во финалето каде што за златото ќе игра против Кинеската Чинвен Женг. Тој меч е денеска од 15:30 часот.

Интересно, пред овогодишниот Ролан Гарос, Векиќ сакала да стави крај на кариерата.
Неколку пати во текот на кариерата не сакав веќе да играм тенис. Тоа беше по неодамна извршената операција“, изјави Векиќ и додаде:

Беше четврток пред Ролан Гарос. Дојдов во клубот и му реков на тренерот дека сакам да се повлечам. Сакам да одам дома и да направам долга пауза. Немав никаква енергија, ниту мотивација да тренирам. Имав чувство дека сум дала се за тенисот, а не сум имала резултати какви што очекував. Поразот во Париз (од Олга Даниловиќ во 4 коло) беше многу болен. Сепак, најдов мотив да работам, да одам понатаму“.
А по Ролан Гарос, таа стигна до полуфиналето на Вимблдон, а сега и до финалето на ОИ.

ПретходноПрвиот украински фудбалер во Рома
СледноПочина поранешен кошаркар на МЗТ Скопје