Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ првпат во кариерата ќе игра во финале на Олимписките игри. Во недела против Карлос Алкараз ќе игра за златото, единственото одличје кое му недостасува во кариерата.
По триумфот над Лоренцо Мусети, на својот Инстаграм профил Ноле напиша: „Долго сонував како во боите на Србија се борам за најсјајното одличје на Олимписките игри. Голема чест ми е и привилегија да ја претставувам нашата земја. Србија ќе има медал во недела. Весели се српски народе“.
До сега Новак изгуби три полуфиналиња, во Пекинг 2008, Лондон 2012 и Токио 2021 година, а единствено има бронза од Пекинг.
„Мислев на сите полуфиналиња кои ги губев, бев напнат и нервозен, полн со емоции, играв против тенисер кој е во одлична форма (Мусети) и на омилена подлога. Знаев дека морам да бидам најдобра верзија од себе. И мислам дека добро играв“, изјави Новак на теренот по мечот со Италијанецот.
„Големо олеснување по пласманот во финалето. Никогаш не сум играл финале на ОИ. Имам бронза од Пекинг, а сега осигурав посјајен медал за својата земја, па без разлика што ќе биде ќе биде голем за Србија. Секако дека ќе го нападнам златото, но и ова е голема работа“, заврши Ноле.
View this post on Instagram