Вест Хем го купи најдобриот фудбалер во Чемпионшип

722

Крилниот играч Крисенсио Самервил е нов фудбалер на Вест Хем. Холанѓанецот потпиша договор до 2029 година со можност да се продолжи на уште една сезона. Неофицијално Вест Хем на Лидс ќе му плати 30 милиони евра.
Самеврил беше прогласен за најдобар играч во Чемпионшип дивизијата минатата сезона. 22-годишниот играч постигна 19 гола, имаше и 9 асистенции во 43 лигашки натпревари за Лидс како и еден гол во трите меча од плеј-офот.
За него се интересираа и Ливерпуо, Челзи и Милан, но тој процени дека најдобро е во Вест Хем да ја гради кариерата.

ПретходноДанска ја демолира Норвешка и со 100% ефект оди во четвртфиналето
СледноНоа Лајлс е „кралот на спринтот“ на ОИ во Париз