Германците ја победија Словенија и како први завршија во групата – А!

63

Во меч од последното 5.коло во групата – А на ракометниот турнир на ЛОИ игри, во битка за првото место, Германија со 36:29, успеа да ја победи Словенија и со тоа да стави печат на лидерската позиција. Инаку и пред овој меч се знаеше дека и двете селекции се веќе во четвртфиналето, па така и двајцата селектори им дадоа минутажа на повеќе свои ракометари.

Германците се чини дека овој меч го решија уште во првото полувреме кое го добија со 23:14. за да во продолжение рутински си ја одработија својата работа.

Ханфер со 7 голови беше најефикасен кај победникот, додека Хенигман со 4 голови беше најефикасен кај Словенците.

ПретходноФановите на Данди Јунајтед со македонски знамиња со поддршка за Бабунски и Трапановски!
СледноЕпско финале: Новак поведе со 1:0 во сетови против Карлито!