Шкафчето на Коби продадено за вртоглава милионска сума

153

Шкафчето кое Коби Брајант го користеше во соблекувалната на Лејкерси во Стејплс Центарот од 2003 до 2016 година е продадено на аукција за неверојатни 2,9 милиони долари.

Ова, уште едно парче сувенири вредно за тврдокорните колекционери, го стави на продажба најпознатата аукциска куќа „Сотби“, која го објави и исходот од наддавањето.

Во соопштението се наведува и дека шкафчето кео Коби го користел во текот на целата своја кариера, е продадена за највисока сума досега кога станува збор за овој вид спортска опрема.

Тоа е и третото највредно парче сувенири на Брајант.

Претходно неговиот дрес од МВП сезоната 2007/2008. продаден е за 5,6 милиони долари, и е вториот најскап продаден дрес во историјата, додека на второ место е продажбата на дресот на ѕвездата на Лејкерси од неговата „дебитантска“ сезона за 3,69 милиони долари.

ПретходноАндреевски: Емоциите ги тргаме на страна, ќе играме храбро како и секогаш!
СледноАмериканецот со шокантна трка на 110 метри со пречки во квалификациите! (ВИДЕО)