Андреевски: Емоциите ги тргаме на страна, ќе играме храбро како и секогаш!

139

Македонија е во финалето, Македонија, вечерва од 21.30 часот, во големата сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ против Австрија ќе пипува уште една страна од македонската кошаркарска историја.

Селекторот на нашиот национален тим „Под 18“, дава краток осврт на она што се случуваше вчера вечер во полуфиналето со Бугарија.

„Меч со Бугарија, посебна мотивација, силна репрезентација, но, бевме премотиворани за тука да застанеме. Знаевме дека цела Македонија е со нас, дека е на нозе, а поголем мотив од тоа не може да има. Целата стратегија за натпреварот ја реализиравме и подобро од договореното. Успеавме да ги неутрализираме нивните најдобри играчи Гаваљугов и Колев“, вели Андреевски.

Следува големото финале, дуелот во кој ќе играат две репрезентации кои се со максимален ефект.

„Денес влегуваме малку порастоварени, бидејќи главната цел ја остваривме, а тоа е влез во ‘А’ дивизијата. Но се разбира и кон овој меч ќе влеземе максимално посветено и ќе се обидеме сите да ги израдуваме со злато. Емоциите ги тргнуваме на страна, играме храбро како и секогаш . Одиме на уште една победа“.

Селекторот има уште една порака во вид на „пост-скриптум“:

П.С „Ве чекаме сите во сала, во уште поголем број од вчера“

ПретходноЕгипет го потврди местото во четвртфиналето на ЛОИ
СледноШкафчето на Коби продадено за вртоглава милионска сума