Браво Ноле: Златото за најдобриот во историјата, а Карлито ќе почека….!

1238

Новак Ѓоковиќ е олимписки шампион. Најдобриот во историјата во својот најважен меч во кариерата, во финалето на ЛОИ во Париз, успеа со 2:0 во сетови да го победи Карлос Алкараз и со тоа да дојде до историски успех. Денеска Ноле го освои тоа што му недостигаше, а тоа е златото на едни ЛОИ, ете и во тоа успеа.

Инаку се одигра епски меч, ова беше фантастично финале, тенис за уживање. Новак одигра тактички мудро, знаеше што треба, знаеше како треба, секако дека тука беше и неговото искуство.

Првиот сет Ѓоковиќ го доби во тај-брекот по голема битка, а исто така и во вториот сет се водеше тешка, епска битка во која сепак на крајот славеше Новак исто во тај-брејкот, за конечни 2:0.

Браво Ноле, што друго да се каже.

ПретходноИталијански олимпиец спие во парк, не ги сака картонските кревети во олимпиското село! (ВИДЕО)
СледноСолзите на Новак: Овој човек е СУПЕРМЕН, овој човек е ВОНЗЕМЈАНИН, овој човек е ШАМПИОН! (ВИДЕО)