Данска ја демолира Норвешка и со 100% ефект оди во четвртфиналето

194

Ракометната репрезентација на Данска забележа уште една победа на олимпискиот турнир, во последното коло од групата ја совлада Норвешка со 32-25 (17-12).
Со овој триумф Данска со пет од пет патуваат во четвртфиналето, додека Норвешка заврши на третото место со три победи и два порази.
Најефикасен на мечот беше Питлик со девет голови, додека кај Норвешка најмногу голови постигна Рајнкинд со шест погодоци.

Овој меч го судеше македонската судиска двојка Начевски-Николов.

Од оваа група место во четвртфиналето обезбедија уште Египет и Франција. Вечерва биде познат и последниот патник во четвртфиналето. Во директен дуел одлучуваат Шпанија и Хрватска.

ПретходноУдар за Шкупи – Серафимов ги скинал лигаментите
СледноВест Хем го купи најдобриот фудбалер во Чемпионшип