Според полскиот портал „Meczyki.pl“, Дарко Чурлинов е пред преселба во Полска и тоа во Јагиелонија, тим од Екстракласа лигата во таа земја.
Се напоменува дека преговорите со Македонецот за личните услови се договорени, сега останува само да се договорат условите за овој трансфер со неговиот клуб Барнли.
Инаку познато е дека по завршување на минатата сезона, во која Чурлинов играше за Шалке како позајмен игра, тој се врати во Барнли. Сепак според информациите од Англија, тешко дека би можел да се наметне за стартер во наредната сезона во дресот на Барнли, па затоа се бара и решение.
Се чини дека ова со Полска е иделно за нашиот репрезентативец.