Ден за финале и крунисување: Македонските надежи сонуваат за златен медал и полна сала

398

Македонската јуниорска репрезентација вечерва (21 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ ќе ги одмери силите со Австрија во финалето на Европското првенство „Б“ Дивизија.

Нашите момци обезбедија виза за елитното друштво, останува уште одличните игри да ги крунисаат со златен медал. И тие како противникот до битката за првото место стигнаа без ниту еден пораз, имаат седум победи во исто толку одиграни меча.

Македонија во групната фаза ги совлада Ирска, БиХ, Кипар, Чешка и Украина, додека во четвртфиналето беше подобра од Португалија, за пласман во финалето убедливо ја совлада Бугарија.

Влезот во СЦ „Борис Трајковски“ е слободен, а на нашите кошаркари им е потреба максимална поддршка од трибините.

ПретходноЗа Карлито има време: Ѓоковиќ во епизодата – сега или никогаш!
СледноШведска ја „растури“ Јапонија за место во четвртфиналето