Египет го потврди местото во четвртфиналето на ЛОИ

55

И Египет со победа стави печат на четвртфиналето на Летните Олимписки Игри. „Фараоните“ ја совладаа Аргентина со 34-27 и сега останува само отворено прашањето од која позиција ќе патуваат во следната рунда.

Во овој момент, Египет е на второто место во групата Б, а дали ќе остане таму останува да биде познато по завршување на скандинавското дерби меѓу Данска и Норвешка.

Египет победата ја обезбеди благодарение на добрата играта во второто полувреме (20-12), откако на одморот Аргентина имаше негатива од еден гол (14-15).

Најдобри стрелец кај Египет беа Зеин и Елдера со по шест гола, Хешам и Сад имаа по пет гола. Кај Аргентина, Пизаро запиша шест погодоци.

ПретходноТен Хег го пофали Ливерпул, поразот не го загрижува
СледноАндреевски: Емоциите ги тргаме на страна, ќе играме храбро како и секогаш!