Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години го освои Европското првенство Б Дивизија, откако во финалето ја совлада Австрија со 88-98. После две години пауза нашата држава се враќа во А Дивизија.
Низ сите мечеви, а особено денеска во финалето главен лидер беше Никола Јаничиќ, против Австрија постигна 30 поени и сосема заслужено се закити со МВП признанието.
Во идеалната петорка од македонските кошаркари се најдоа Никола Јаничиќ и Марко Луканоски.