Начевски и Николов во центарот на теренот на големото скандинавско дерби

394

Македонската судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов денеска повторно ќе има задача на Летните Олимписки Игри, каде на ракометниот турнир се игра последното коло од групната фаза.

Нашите најдобри арбитри и овој пат имаат дерби дуел. Тие ќе ја делат правдата на скандинавското дерби меѓу Данска и Норвешка кое е закажано со почеток во 19 часот. Овие две репрезентации веќе имаат обезбедено место во следната рунда, Данска има перфектен скор од четири победи во исто толку одиграни меча, додека пак Норвешка има два бода помалку, запиша еден пораз.

Покрај оваа средба, последниот ден од групната фаза ќе го отворат: Шведска со Јапонија (9 часот), следи мечот меѓу Египет – Аргентина во 11 часот, па Германија со Словенија во 14 часот и последни на програмата се Шпанија со Хрватска, играат во терминот од 21 часот.

ПретходноЏинобили со порака до Грците: Испратете му убави подароци на Богдановиќ!
СледноЈувентус повторно разочара, Тиаго Мота конечно го „пречкрта“ Киеза